ВИРТУЕЛИЗАЦИЈА

Виртуелизацијата е денес силен позитивен тренд во информатичката технологија со кој значајно се унапредува квалитетот на ИТ инфраструктурата и се намалуваат сите несакани последици. Со примена на виртуелизацијата се зголемува искористеноста на ИТ опремата со што добиваме поголема консолидација и заштеда како и допринос во зачувување на животната средина. Виртуелизација е всушност кога повеќе оператвни системи се извршуваат во исто време на еден физички сервер делејќи ги неговите ресурси. Оперативните системи се всушност виртуелни машини како што е вашот сервер физичка машина. Поврзувањето на повеќе виртуелизирани сервери овозможува креирање на серверски фарми со полесен менаџмент на целокупната инфраструктура. Оваа технологија во различни форми е можна не само за големи серверски центри, туку и за мали и срдни фирми па дури и за домашни корисници. Како пример Windows системите од последните генерации ја имаат вградена оваа опција во нив или пак можете да користите дополнителни апликации за ова цел. Трендот е сто проценти во овој правец, а некои од предностите кои ги добивате со користење оваа технологија се следни:

 

  • Зголемување на квалитетот на вашата ИТ инфраструктура севкупно
  • Помала потрошувачка на електрична енергија.
  • Подобро искористување на хардверот и квантитативна заштеда
  • Подобра имплементација на системи  со висока достапност
  • Посигурни  рекавери сценарија од катастрофи
  • Подобар континуитет на бизнисот
  • Скалабилност и Автоматизацја
  • И уште многу други предности

 

Поради долгогодишното искуство и голем број имплементира решеија ИТ улица може да го направи ова за вас со висок кавалитет без разлика дали се работи Windows или Linux околина и без разлика дали ќе се одлучите за лиценциран hypervisor или за некоја од open source платформите.