Под ИТ поддршка се подразбира извршување на сите информатички активности поврзани со работењето на вашиот деловен субјек или приватен корисник. ИТ поддршката ви овозможува поголемо фокусирање на вашиот примарен бизнис со употреба на технологијата без да бидете експерт во тоа поле.
Ваша единствена желба е се да функционира совршено, а задача на ИТ поддршката е тоа да го овозможи. Нема процес во денешното окружување, а да не е поврзан на некој начин со информатичката технологија. Токму од овие причини било каков застој во вашето деловно работење како последица од информатичката технологија не значи само загуба во време и финансии, ова може да се протолкува и како намалување на угледот што го има вашата фирма.
Во таа насока ИТ улица може да ви понуди ИТ поддршка која ќе биде скроена спред вашиот обем на деловно работење како и според критичноста и достапноста на сервисите на вашиот бизнис. Предноста ние да бидеме ваша екстерна ИТ поддршка е повеќе од добра зделка за вашиот бизнис. Немате трошоци за вработување на ИТ експерти или на цело ИТ оделение, а сепак добивате врвна услуга од експерти со долгогодишно искуство. Брза ефикасна дијагностика и решавање на проблемите. Совети покажани како најдобри практични решенија од искусни информатичари во различни области. Совети кои ќе ви заштедат финансии и ќе ги оптимизираат вашите ИТ ресурси. Во зависност од вашите можности, можен е флексибилен договор за нашите услуги. Можете да добиете телефонска поддршка, поддршка на далечина или пак на ваша локација.
Можеме да бидеме ваша подршка во различни области:
- Microsoft работна околина (Системска Администрација на Windows сервери, сеопфатно конфигурирање на Roles and Feautures( DNS, DHCP, RRAS.IIS, File server….),Поддршка за останати продукти на Microsoft: (MS Exchange-mail server,MS System Centar…),Подршка на крајните корисници и нивните десктоп или лаптоп работни станици.
- Linux работна околина (Linux сервери: DNS, DHCP, LDAP, Apache, Samba….)
- Мрежна поддршка (Поддршка на активна и пасивна мрежна опрема од различни производители: Mikrotik, Cisco, Zyxel, Dell, Fortinet и останати SOHO уреди)
- Проактивен мониторинг (Следење на состојбата и превентиво делување со цел спречување на катастрофи)
- Виртуелизација (Виртуелизација и миграција на вашата серверска околина со open source платформа како и на лиценцирани решенија како што се EXSi и Hyper-V)
- IP телефонија VoIP технологија од различни брендови( Grandstream, Yeastar и други како и поддршка базирана на Asterisk платформа)
Денес е можеби и тешко да добите фер и искрен одговор од најпросперитетната гранка на денешницата и иднината, доколку се одлучите на соработка со нас вие тоа го добивате. Ве очекуваме.