ПРОИЗВОДИ
Your IP PBX
UTM-ALL IN ONE PROTECTION
Користењето на овој термин има поинакво значење кај нас. Ние не мислиме на производ кој ке го добиете- купите во кеса или кутија од соседната продавница, тоа можете да го направите и сами но дали иборот ќе биде добар или лош. Секако може да добите совет од типот ова е добро или ова ќе ви заврши работа. Но да бидеме појасни зборуваме за информатичка технологија која денес е далеку покомплексна од печка на дрва. Можеме и ние да ви понудиме парче убаво спакуван хардвер од истите тие производители да ви кажеме “благодариме и со здравје да си го користите”.
Но ние ви нудиме солуција, сервис кој ќе биде идеален спој на внимателно селектиран хардвер, софтвер и модел на имплементација соодветен на вашите потреби. Тоа можеме да го направиме заедно каде вие ќе бидете дел од идејата и процесот. На овој начин вие сте партнер од самиот почеток и избор, а ние сме вашата поддршка во таа идеја. Со нашето зедничко вложување изборот на било какво решение ќе овозможи максимално оптимизирање во вашиот процесот на експлоатација. Без разлика дали се работи за мрежна инфраструктура, сервер, работни станици, апликативно решение или нешто друго, ние во секој момент сме спремни да излеземе во пресрет на вашите барања. Ваквиот пристап е секогаш финансиски поисплатлив за вас, но она што е битно е дека со ваквиот пристап добивате далеку поголем квалитет од обичен шопинг што го наведов на самиот почеток. Бидете и самите дел од она што го создавате.