Виртуелизацијата е денес силен позитивен тренд во информатичката технологија со кој значајно се унапредува квалитетот на ИТ инфраструктурата и се намалуваат сите несакани последици. Со примена на виртуелизацијата се зголемува искористеноста на ИТ опремата со што добиваме поголема консолидација и заштеда како и допринос во зачувување на животната средина. Виртуелизација е всушност кога повеќе оператвни системи се извршуваат во исто време на еден физички сервер делејќи ги неговите ресурси. Оперативните системи се всушност виртуелни машини како што е вашот сервер физичка машина. Поврзувањето на повеќе виртуелизирани сервери овозможува креирање на серверски фарми со полесен менаџмент на целокупната инфраструктура. Оваа технологија во различни форми е можна не само за големи серверски центри, туку и за мали и срдни фирми па дури и за домашни корисници. Како пример Windows системите од последните генерации ја имаат вградена оваа опција во нив или пак можете да користите дополнителни апликации за ова цел. Трендот е сто проценти во овој правец, а некои од предностите кои ги добивате со користење оваа технологија се следни:
- Зголемување на квалитетот на вашата ИТ инфраструктура севкупно
- Помала потрошувачка на електрична енергија.
- Подобро искористување на хардверот и квантитативна заштеда
- Подобра имплементација на системи со висока достапност
- Посигурни рекавери сценарија од катастрофи
- Подобар континуитет на бизнисот
- Скалабилност и Автоматизацја
- И уште многу други предности
Поради долгогодишното искуство и голем број имплементира решеија ИТ улица може да го направи ова за вас со висок кавалитет без разлика дали се работи Windows или Linux околина и без разлика дали ќе се одлучите за лиценциран hypervisor или за некоја од open source платформите.